МНР НЕ ЗНАЕ ЗОШТО ПЕРСОНАЛОТ НА СРПСКАТА АМБАСАДА Е ИТНО ПОВИКАН ВО БЕЛГРАД

    МНР НЕ ЗНАЕ ЗОШТО ПЕРСОНАЛОТ НА СРПСКАТА АМБАСАДА Е ИТНО ПОВИКАН ВО БЕЛГРАДЌе се обиде денес да дознае зошто Србија го повлекла овој чуден дипломатски потег - Никола Димитров, министер за надворешни работи (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за надворешни работи не знае зошто персоналот на српската амбасада во Скопје е повикан во Белград. Од таму известуваат дека вчера примиле нота од амбасадата на Србија во Скопје, со која биле известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград.

    „МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка“, изјавија од македонското МНР.

    „Согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во соопштението на МНР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира