Поплавеното градилиште кај зградата на Министерството за надворешни работи е последица на излеани фекалии, откако компанијата што го гради објекотот несоодветно извела поместувањето на фекалниот колектор.
Направениот бајпас пропаднал и фекалиите се излеале, создавајќи мало езеро кај МНР и зградата на Управата за финансиската полиција, по што ЈП „Водовод и канализација“ синоќа мораше да ги блокира улицата „Филип Втори“ и мостот „Слобода“ за да ги испумпа насобраните фекалии, предизвикувајќи голема сообраќајна гужва во центарот на градот.
Утринава, околу 10.30 часот, екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК регистрираше дека се уште се испумпува вода и улицата повторно беше блокирана, но сега од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека е проодно.
Од Јавното претпријатие најавија дека ќе го тужат изведувачот и ќе бараат оштета за направената штета и за санирањето на истата.