МВР во Охрид организираше вечера за децата и членовите на семејствата на загинатите бранители во воениот конфликт во 2001 година, кои летуваат и годинава во тамошното одморалиштето на Министерството. Таквата традиција, рече портпаролот Тони Ангеловски, кој во име на МВР синоќа ја организираше вечерата, ќе продолжи и во иднина.
„Со полно право, вие сте го имале и ќе го имате третманот на почесни гости со кои, меѓу другото, заедно го споделуваме споменот и сеќавањата на нашите колеги, а ваши најмили“, им се обрати Ангеловски на гостите.
И годинава во два термина во ова одморалиште летуваат околу 120 деца и членови на семејствата на загинатите.