МВР ПОТВРДИ ДЕКА ЛИЦЕТО М.З. ПРИЈАВИЛО ПОВРЕДИ, ПРАТЕНИКОТ ЗЕКИРИ ТВРДИ ДЕКА ГО ЛЕГИТИМИРАЛ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МВР ПОТВРДИ ДЕКА ЛИЦЕТО М.З. ПРИЈАВИЛО ПОВРЕДИ, ПРАТЕНИКОТ ЗЕКИРИ ТВРДИ ДЕКА ГО ЛЕГИТИМИРАЛ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК

    Полицијата потврди дека ноќеска добиле пријава од Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје дека лице со иницијали М.З. пријавило повреди, објави агенцијата Мета.

    Иницијалите со совпаѓаат со изјавата на пратеникот Мухамед Зекири кој обвини дека телохранители на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков го исфрлиле од кафеана во центарот на Скопје.

    Во билтенот на МВР пишува дека „На 19.02.2017 година во 01.10 часот од Ургентен центар „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив дошло лицето М.З. со повреди, а по негово кажување повредите биле здобиени од физички напад во угостителски објект од страна на непознато лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.

    Пратеникот на СДСМ Зекири обвини дека еден од тие што го исфрлиле од кафеаната се преставил како полицаец.

    „Додека траеше турканицата надвор од објектот еден од нив извади полициска легитимација и побара да се идентификувам. Додека ја вадев личната карта да му ја покажам друго лице отпозади ме нападна физички во пределот на главата. Случајот го пријавив во полиција. Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако се работи за моја изјава пред полиција, на којашто имам право како граѓанин“, раскажува Зекири.

    Сашо Мијалов преку соопштение испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ го демантираше исказот на Зекири и најави тужби за него и медиумите кои ја објавиле информацијата.

    „Изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета. Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби“, се вели во реакцијата на Мијалков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира