Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимале рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш, објавува агенцијата Мета, повикувајќи се на специјализираниот правнички портал Академик.мк.
Полицајците престанале со снимањето по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им наредила да ги избришат снимките.
„Како можете да си го дозволите ова? Нели треба да го штитите судот? Кој ви даде дозвола за вакво нешто?“реагирала судијката, според известувачот на специјализираниот правнички портал Академик.мк.
Едно од лицата од МВР одговорило дека наредбата му ја дал надлежниот старешина, по што судијката побарала снимките веднаш да бидат избришени.
Тројцата припадници на МВР и натаму останале во судницата.