Судија на претходна постапка на аргументите за можност за бегство исто како првоосомничениот судија и член на Судскиот совет Зоран Теофиловски, одговорил со одредување мерки куќен притвор за петтемина службеници од Општина Тетово. Првоосомничениот, судијата Зоран Теофиловски, кој од лани е член на Судскиот совет, полицијата сѐ уште го бара.
„МВР нема официјална информација дека дефинитивно првоосомничениот е недостапен за органите на прогонот. Кога ќе се случи тоа, се распишува домашна, а по потреба и меѓународна потерница”, велат во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
За лицето кое ОЈО за организиран криминал барало куќен притвор, судијата му одредил мерки на претпазливост.
Покрај опасноста од бегство на осомничените, кои во овој крупен предмет со Теофиловски ја оштетиле државата за 860.000 евра, надлежниот обвинител укажал и на опасноста од влијание врз сведоците. Затоа бил баран притвор за сите, освен за едното лице, куќен притвор. Обвинителството најавува дека ќе ги обжали решенијата за притвор.
Теофиловски и општинарите од Тетово се осомничени дека со внесување лажни и непостоечки информации и факти, во 2012 година му помогнале на судијата да приватизира и легализира атрактивно државно земјиште , поранешното тениско игралиште во Тетово.
С. К. ДЕЛЕВСКА