НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ ПРВПАТ НАПРАВЕНА ЕКСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР

    НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ ПРВПАТ НАПРАВЕНА ЕКСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОРВо тимот кој ја направи експлантацијата се докторите Камнар, Богојевска-Доксевска, Трајановски, Савески и Дамјановиќ, сестрата Пејчиновска и болничарот Беќировиќ. (Фото: Твитер профил на д-р Виктор Камнар)

    На Клиниката за ортопедски болести денеска за првпат во историјата на македонското здравство беше направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор, соопшти Министерството за здравство. Од министерството велат дека веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.

    Понатаму, на листата приматели на коски и меки ткива се пациенти кои страдаат од коскен или мекоткивен дефект, настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии. Ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други лица, а на некои од нив и да го спасат.

    Коските и меки ткива веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести.

    Починатиот донор е 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, чии срце и бубрези се веќе трансплантирани кај други пациенти.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира