Владата на денешната седница ја разреши Афрона Вервизоли од позицијата главен ревизор на ИПА фондовите и на нејзино место го именуваше Арбен Рамадани. Вервизоли е разрешена само 5 дена по нејзиното назначување, откако се дозна дека нема лиценца за ревизор и не ги исполнува условите за позицијата.
Од коалицијата Вреди, чиј кадар е Вервизоли, вчера кажаа дека таа е само привремено заменета со друг нивни кадар, додека не го добие потребниот сертификат.
„Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа“, соопштија од Владата по денешната седница.
- АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ Е ПРИВРЕМЕНО ЗАМЕНЕТА СО ДРУГ НАШ КАДАР, ВЕЛАТ ОД ВРЕДИ ЗА РЕВИЗОРКАТА НА ИПА ФОНДОВИТЕ КОЈА НЕМА ЛИЦЕНЦА
- ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ЈА РАЗРЕШИ АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ ОД МЕСТОТО ГЛАВЕН РЕВИЗОР НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ОД ИПА ФОНДОВИТЕ, ПОРАДИ НЕМАЊЕ ЛИЦЕНЦА ЗА РЕВИЗОР
- ЕУ ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ ВЛАДАТА ПОСТАВИЛА НЕСООДВЕТНА ГЛАВНА РЕВИЗОРКА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ НОВОИМЕНУВАНАТА АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ ВООПШТО ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА РЕВИЗОР
Владата на 6 август ја назначи Вервизоли на ова место за кое треба да се исполнети многу строги услови. За нејзиното назначување реагираше и Делегацијата на ЕУ во Скопје, која најави дека ќе го преиспита ова назначување, бидејќи се однесуваа на контрола на користењето на проекти и активности финансирани од ЕУ во Македонија.
С. К. ДЕЛЕВСКА