НАД 2.500 УЧЕСНИЦИ НА ТРКАТА ЗА ЧИСТ ТРАНСПОРТ „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАД 2.500 УЧЕСНИЦИ НА ТРКАТА ЗА ЧИСТ ТРАНСПОРТ „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“

    Над 2.500 учесници продефилираа низ центарот на Скопје на велосипеди, ролерки, скироли, тротинети, а имаше и родители со колички за бебиња, на вчерашната ревијална трка „Вози право, вози здраво 2“  за промоција на чист транспорт, во организација на „Стопанска банка АД – Скопје“.

    По возењето по улиците ослободени од возила, целта на трката беше во Градски парк, каде учесниците ги забавуваа 5+ бендот, Даниел Кајмакоски и Пеперминт. Во обраќањето до присутните, Генералниот извршен директор на „Стопанска банка АД – Скопје“ и претседател на Управниот одбор, Диомидис Николетопулос порача дека „ ако сите ние се стремиме да возиме, трчаме, па дури и едноставно да пешачиме наместо да возиме автомобили, ќе имаме долгорочни животни придобивки“.vozi-pravo-2

    „Стопанска банка АД – Скопје“ како завршеток на „Вози право, вози здраво“ ќе донира за жителите на Град Скопје урбана опрема која во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира