НАД 66,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ НАПЛАТЕНИ НА ПАТАРИНИТЕ ВО 2024

    НАД 66,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ НАПЛАТЕНИ НА ПАТАРИНИТЕ ВО 2024Во споредба со 2023, наплатата е поголема за 4.32 милиони евра.(Фото: СДК.МК)

    Над 66.5 милиони евра е приход од наплата на патарина на автопатиштата во 2024 година. Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во споредба со 2023, наплатата е поголема за 4.32 милиони евра.

    „Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година, има 62.662.988 поминати возила од кои патарина платиле 99,2 проценти од нив. За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од август до декември 2024 организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година“, велат од Јавното претрпијатие за државни патишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира