НАГРАДАТА „ЖАН МОНЕ“ ПОСТХУМНО ЗА ВЛАДЕ ЃОРЧЕВ ОД МЕТА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    НАГРАДАТА „ЖАН МОНЕ“ ПОСТХУМНО ЗА ВЛАДЕ ЃОРЧЕВ ОД МЕТА

    Делегацијата на Европската Унија во Македонија годинешната награда „Жан Моне“ во категоријата за најдобар новинарски текст му ја додели на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“. Годинешниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“, а Ѓорчев е награден за истражувачка сторија поврзана со истрагата за случајот „Транспортер“ што ја отвори Специјалното јавно обвинителство, но и за целиот негов авторски и новинарски ангажман во известувањето за Договорот од Пржино и за процесите што произлегоа од него.

    Наградата за најдоба професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски.

    Наградата од името на семејството на новинарот Владе Ѓорчев, кој ненадејно почина на 20 ноември оваа година, ја примија неговите колеги новинари од новинската агенција „Мета“, Симона Атанасова и Димитар Тануров.

    Наградите „Жан Моне“ ги додели евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, кој, меѓу другото, истакна дека Договорот од Пржино е токму тој што придонел да се одржат изборите минатата недела. Наградата „Жан Моне“ Делегацијата на Европската Унија годинава ја додели по 14. пат, а се однесува на најдобрите достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира