Најмалку двајца загинаа, а стотици се повредени во силниот земјотрес што ноќеска го погоди крајбрежјето на Турција во Егејското море околу Бодрум и грчките острови околу Кос и Родос.
Земјотресот во 1.31 часот по полноќ беше со јачина од 6,7 степени според Рихтер.
Градоначалникот на Кос потврди дека двајца туристи, едниот од Шведска, а другиот од Турција загинале кога врз нив се урнал таванот од еден бар во Кос. Само на Кос се пријавени 120 повредени. Дел од нив се префрлени во болниците на островот Родос.
Во Бодрум до сега се пријавени 70 повредени.
Земјотресот се почувствувал и во Измир и во туристичкото одмаралиште Фетие кое што е популарно и кај македонските граѓани.
По главниот удар, кој според сведоштвата траел 30-тина секунди, забележани се уште неколку силни, но поумерени земјотреси со јачина од 5,1 и 4,6 степени.
Туристи на социјалните мрежи постираа слики од поплавени крајбрежни хотели и луѓе што се кријат под масите. Тие раскажуваат дека на плажите водата се дигнала за триесетина степени, а потоа имало и мало цунами кое предизвикало поплава во хотелите покрај плажите.