Поради силен ветар наноси од снег вечерва е исклучително тешка состојбата на патиштата од Велес кон источна Македонија.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува да не се патува од Велес кон Штип, а потоа и кон Кочани бидејќи кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште ветерот го носи снегот на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Од околу 21 часот поради снежни наноси воведена е и забрана за сообраќај на магистралниот пат од Штип кон Радовиш кај местото Калимерово.
На социјалните мрежи се споделуваат вести за заглавени возила и патници на кои нема кој да им помогне, но нема официјална потврда за тоа.
„Македонија пат“ се на терен и работат со градежна механизација за расчистување од снегот, соопшти АМСМ.