НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВКЛУЧУВА ВО БИТКАТА ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА, ЌЕ РАБОТИ СО УНДП И СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВКЛУЧУВА ВО БИТКАТА ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА, ЌЕ РАБОТИ СО УНДП И СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИНевладиниот сектор е најголемиот гласноговорник за состојбите и проблемите со кои се соочува целата популација не само кај нас, туку и на целата планета. (Фото: СДК.МК)

    Народниот правобранител Насер Зибери , УНДП и невладините организации денеска со меморандум и потпис ја почнаа соработката за еколошка правда во Македонија.

    „Невладиниот сектор е најголемиот гласноговорник за состојбите и проблемите со кои се соочува целата популација не само кај нас, туку и на целата планета. Состојбата е катастрофална, како во доменот на собирање на отпад, на складирање, така и во доменот на преработка, во однос на реките, шумите, природата. Народниот правобранител со шесте подрачни канцеларии низ државата ќе почне соработка со овие невладини организации, ќе детектира во кои проекти ќе можат заедно да работат. Експертите од невладиниот сектор, заедно со наши службеници кои работат и на претставки од граѓаните што ни стигнуваат катадневно на тема екологија и заштита на животната средина, заеднички ќе детектираат проблеми и ќе упатуваат препораки до надлежните органи, согласно законските надлежности што ги има Омбудсманот“, кажа Зибери на дебатата на тема „Зголемување на соработката на народниот правобранител со здруженијата на граѓани во еколошката правда“.

    Народниот правобранител за првпат почнува ваква активност, а има законска надлежност.

    Армен Григоријан, постојан престставник на Програмата за развој на ОН (УНДП), кажа дека оваа иницијатива ќе ја поддржуваат многу партнери како што е норвешкото МНР, а во овие рамки голем број народни правобранители ќе дојдат во Северна Македонија, како што ќе дојдат и претставници од граѓанското општество кои исто така ќе ни помогнат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира