НЕ ЧУВСТВУВАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА УЧЕБНИЦИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ХАСИПИ

    НЕ ЧУВСТВУВАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА УЧЕБНИЦИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ХАСИПИ„Ако постапката за печатење за учебници оди по сите прописи, жалбени постапки, мислам дека во септември ќе има учебници“, рече Хасипи. (Фото: Принтскрин од видео)

    Директорот на Бирото за развој на образование (БРО) Зеќирија Хасипи не чувствува одговорност за доцнењето на учебниците. Голем дел од учениците добија учебници на неколку недели пред крајот на учебната година 2022/2023, а наставниците и родителите стравуваат дека е неизвесно и дали во септември ќе добијат учебници.

    На новинарски прашања за тоа дали ќе доцнат учебниците во новата учебна година, на денешниот настан на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО, Хасипи кажа дека за изработка на наставни програми има процедури и правилници и според тие процедури, од Бирото постапиле навремено.

    „Откако се изработени работните групи повторно сме ангажирале и второстепена комисија за разгледување евентуални пропусти. Откако сме ја изработиле конечната верзија, тогаш сме ја доставиле, можеби не сите програми одеднаш, но поедничено, по една, два програми до Министерството за образование и наука (МОН). Мислам дека во средина на март ги доставивме програмите. Ако постапката за печатење за учебници оди по сите прописи, жалбени постапки, мислам дека во септември ќе има учебници“, рече Хасипи.

    За тоа зошто се доцни со изготвување на програмите за шесто одделение, министерот за образование и наука Јетон Шаќири кажа дека наставните програмаи за шесто одделение се доставени навреме во  март до МОН, некои од предметите и во април.

    „Но, исто така некои од наставните програми за трето одделение се доставени се доставени во ноември минатата година. За трето одделние сме во напредна фаза, а за шесто ќе се обидеме да го стигнеме први септември. Се прават сите подготовки на први септември навремено да бидат доставени учебниците. Што се однесува за предметот географија за седмо и за деветто одделение мислам дека системот веќе се отвори и веќе за сите предмети кои ќе имаат барања од страна на училиштата ние ќе доставиме учебници“, рече Шаќири.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира