НЕ СЕ СОБИРАЈТЕ ПО СЛАВИ, МНОГУ БРАНОВИ ПОЧНАА ТАКА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    НЕ СЕ СОБИРАЈТЕ ПО СЛАВИ, МНОГУ БРАНОВИ ПОЧНАА ТАКА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко Филипче вели дека државата не може да ги контролира славите, бидејќи луѓето се собираат во своите домови. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска апелираше до граѓаните да не организираат слави или, ако веќе го прават тоа, да биде само во кругот на семејството.

    „Со оглед на тоа што доаѓа време за семејни слави апелирам до граѓаните или да не ги организираат, како што беше лани, или да се сведат на минимум, само во кругот на семејството“ рече Филипче на денешната прес-конференција, на која зборуваше и за мерките за спречување ширење на коронавирусот.

    Министерот за здравство вели дека државата не може да ги контролира славите, бидејќи луѓето се собираат во своите домови.

    „Мора да знаат граѓаните дека со својата совест, свест и одговорност многу придонесуваат за себе и за здравствениот систем. Затоа ги спомнав семејните слави. Имавме наназад овие две години многу минибранови кои почнаа од ифтари и семејни слави. Тоа се семејни собири во домовите на луѓето, тука не може државата да исконтролира“, кажа Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира