НЕ ВЛОЖУВАЈТЕ ВО ДИГИТАЛНИ ВАЛУТИ, АПЕЛИРА НАРОДНА БАНКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ ВЛОЖУВАЈТЕ ВО ДИГИТАЛНИ ВАЛУТИ, АПЕЛИРА НАРОДНА БАНКА

    Забрането е граѓаните да вложуваат во дигитални (крипто) валути, се вели во соопштението на Народната Банка (НБРМ).

    Народната Банка во соопштението укажува дека овие трансакции носат високи ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута.

    „Може да имате реална загуба на парите кои сте ги вложиле. Вашите дигитални пари може да бидат украдени. Вредноста на вашите дигитални (крипто) валути може многу брзо да се намали, дури и да падне на нула. Трансакциите поврзани со дигиталните (крипто) валути може да се користат при криминални активности, вклучувајќи го и перењето пари“, стои во соопштението на НБРМ.

    Според Законот за девизно работење, македонските граѓани не можат да отворат, односно да имаат сметка во странство, ниту да чуваат парични средства на тие сметки, освен под посебни услови.

    „Анализата на Народната банка покажа дека граѓаните иницираат трансфери во странство при вложување во дигиталната (крипто) валута ONECOIN, и тие најчесто не се извршуваат во корист на нивна сметка во странска банка,  туку кон некое странско правно лице коешто ја дава таа услуга за издавање или чување на дигитални крипто валути. Налогодавач е физичко лице кое уплатува парични средства на нерезидент правно лице врз основа на школување, обука или набавка на книги, брошури, друга литература и слично. Доколку самата банка, на било кој начин, добила сознание дека при таквото плаќање се работи за вложување во дигитални (крипто) валути или депозити, таа треба да го одбие извршувањето на трансакциите“, објаснуваат од НБРМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира