НЕДЕЛНО УМИРА ПО ЕДЕН ЧОВЕК НА РАБОТНО МЕСТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕДЕЛНО УМИРА ПО ЕДЕН ЧОВЕК НА РАБОТНО МЕСТО

    Во Македонија не е безбедно да се работи, од аспект на заштита при работа. Статистиката покажува дека во Македонија неделно на работното место животот го губи едно лице или 44 лица годишно, а најризични струки се земјоделството, транспортот, градежништвото и црната металургија. Ова денес го кажа Милан Петковски, претседател на Македонското здружение за заштита при работа, пред промоцијата на стандардите за безбедност и здравје при работа во Стопанската комора на Македонија.

    „Голем дел од работодавачите, законската обврска за заштита при работа ја чувствуваат како пресија, а не како можност за развој на нивната компанија. Речиси 85 отсто од вработените не си ги знаат правата“, рече Петковски.

    Тој објасни дека работодавачите најчесто ги спроведуваат мерките за заштита при работа непосредно пред доаѓањето на инспекциските контроли. Законската обврска да обезбедат содветни услови за работа, ја доживуваат како дополнителен трошок, место како заштита и долгорочност на бизнисот. Петковски смета дека иако според Законот одговорноста за заштитата и безбедноста при работа е само на работодавачите, во процесот треба да се вклучат и вработените и надлежните институции.

    „Вработените мора да си ги знаат правата, а институциите треба да имплементираат систем за анализи на несреќи, за да се знае точно колку сме здрави, способни или не, за работа. Компаниите многу повеќе ги чини ако работникот се повреди и не доаѓа на работа. Така ако платата на работникот е 12.000 до 13.000 денари, а тој се повреди и не доаѓа на работа три месеци, работодавачот ќе изгуби околу 2.500 евра“, рече Петковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира