Неколку лица се убиени и уште неколку ранети на улицата Панајот Гиновски кај бензинската пумпа „Макпетрол“ во скопската населба Ѓорче Петров и во селото Глумово.
Полицијата сомничи едно исто лице за пукањето на двете места.
Екипи од МВР се не терен и пристапот до бензинската е затворен, а полицијата ги пренасочува колите по околните патишта.
Голем број граѓани се собираат околу бензинската и во селото Глумово.
Од МВР засега нема повеќе детали за убиствата.