НЕМА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ НЕЗАВИСНО СУДСТВО, ВЕЛИ БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ДАНКАН ПРЕД ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ НЕЗАВИСНО СУДСТВО, ВЕЛИ БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ДАНКАН ПРЕД ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈА

    Британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан утре доаѓа во прва посета на Македонија со порака дека нема демократски вредности без динамично граѓанско општество и без независно судство. Данкан доаѓа во Македонија за, како што вели, да ја потврди цврстата посетеност на Велика Британија кон Западниот Балкан.

    „Британија ќе ја напушти Европската Унија, но ние не ја напуштаме Европа“, вели Данкан.

    Како што вели тој, Британија е голем пријател на Македонија и ќе продолжи да ја поддржува секоја влада на Македонија која ќе работи на битни реформи и транспарентност

    „Демократијата не може да постои без транспарентност, а таквата отвореност не е со цел да биде закана или омаловажување за политичарите и јавните функционери. Напротив, таа ни помага да го претставуваме нашиот народ. Исто така важи дека не може да ги прифатите демократските вредности без активно и динамично граѓанско општество и судски систем независен од политичко влијание“, порача Данкан пред посетата.

    За време на дводневната посета, Данкан ќе има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, лидерите на парламентарните политичките партии, специјалната обвинителка Катица Јанева, претставници на институциите, како и на граѓанскиот сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира