Договор за петтиот член на привременото тело за следење на медиумите за изборите може да се очекува најрано во понеделник, откако четворицата членови, предложени од партиите, неделава во неколку обиди не успеаја да постигнат консензус. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторно да се сретнат во понеделник, оставајќи можност да се соберат ад хок и викендов во случај партиите да се договорат околу името на петтиот член, кој е предвидено да биде Албанец.
Од претходно е познато дека од предложените кандидати, во најтесниот круг се влезени Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.
„Оптимисти сме, се надеваме дека секој момент може да има решение. Но, засега ситуацијата останува статус кво. Одлучивме седницата да продолжи во понеделник, иако останува можност, ако партиите постигнат компромис, да се собереме веднаш“, кажа Трпеноски по денешната средба на ад хок телото во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
НЕМА ДОГОВОР ЗА ПЕТТИОТ ЧЛЕН НА АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ, СРЕДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ВО ПОНЕДЕЛНИК
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)