НЕМАМЕ ПОБЛИЗОК НАРОД ОД МАКЕДОНСКИОТ, КАЖА ВУЧИЌ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТИ САВА ВО СКОПЈЕ

    НЕМАМЕ ПОБЛИЗОК НАРОД ОД МАКЕДОНСКИОТ, КАЖА ВУЧИЌ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТИ САВА ВО СКОПЈЕНие не ви бараме никакви промени на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа, кажа Вучиќ на свечена академија во МНТ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На одбележувањето на Свети Сава, националниот ден на српската заедница во Македонија, првпат присуствуваше српскиот претседател Александар Вучиќ, кој кажа дека Србите немаат поблизок народ од македонскиот.

    На свечена академија во МНТ, Вучиќ вечерва рече дека Србија ништо не бара од Македонија и нема никакви услови за било што.

    „Ние немаме поблизок народ од македонскиот и тоа јасно го кажувам пред целата српска и македонска јавност. Ние ништо не бараме од вас и немаме никакви услови за било што. Ништо не очекуваме и единствено што би сакале е да имаме подобри и поблиски односи. Ние не ви бараме никакви промени на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа. Ние не ви бараме ништо и единствено од вас очекуваме и се надеваме да ја прифатите нашата братски пружена рака. Немаме ниту еден меѓусебен проблем“, рече Вучиќ.

    На одбележувањето се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој кажа дека врвен приоритет на македонската држава е негувањето на соживотот во нашето мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество, а српската заедница, како уставно призната и општествено ценета, е нераздвоен дел од македонскиот мозаик и активно придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка македонска татковина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира