НОВА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА СРЦЕ И БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА, ЧИЈА ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА БИЛА ДА ГИ ПОДАРИ ОРГАНИТЕ

    НОВА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА СРЦЕ И БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА, ЧИЈА ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА БИЛА ДА ГИ ПОДАРИ ОРГАНИТЕДарителка е 42-годишна пациентка чија последна желба била да ги донира органите. (Фото: Архивска фотографија)

    Утрово на Клиниките за кардиохиругија и урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат дарител. Како што соопшти Министерството за здравство, по интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово е завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42- годишна пациентка чија последна желба била да ги донира своите органи.

    „Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на четириесетина години кои се на дијализа“, велат од Министерството за здравство.

    Почнувајќи од мај 2020 досега, извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира