НОВИНАРИТЕ ГИ ЧЕКАА МУКОСКИ И ВАСИЛЕВСКИ НА РАСПИТ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО КРИЕ ДАЛИ ГИ ВИКНАЛО

    НОВИНАРИТЕ ГИ ЧЕКАА МУКОСКИ И ВАСИЛЕВСКИ НА РАСПИТ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО КРИЕ ДАЛИ ГИ ВИКНАЛОНовинарските екипи чекаат пред Обвинителството информација дали пратениците што се идентификувани на камерите како помагачи на насилниците воопшто се викнати на распит за организираниот напад на Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Дваесетина новинари и камермани претпладнево се изначекаа пред Јавното обвинителство на Македонија по непотврдените  информации дека конечно на распит ќе бидат повикани пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги им ги отворија собраниските врати на насилниците на 27 април, при што тешко беа повредини нивни колеги, новинари, полицајци и граѓани.

    Новинарите ги чекаа на распит во Обвинителството пратениците, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Илија Димовски и други, кои, според снимките од безбедносните камери, ги отвораат вратите или ги пречекуваат и насочуваат насилниците како да дојдат до прес-салата на Собранието.

    Никоја од трите портпаролки ниту во Основното обвинителство, ниту во Обвинителството за организиран криминал, како што ни беше кажано, не успеа од надлежните обвинители да добие информација дали пратениците се викнати на распит.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира