Новинарот Борис Георгиевски, автор на серија истражувања во рамките на циклусот на БИРН „Досие Телеком“ објавени на Призма, е добитник на првата награда на Европската Унија за истражувачко новинарство за 2015 година. Второнаградено е истражувањето и базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ на екипа од БИРН. Билјана Николовска, новинарка на ТВ Телма за серијалот „Од невработени до затвореници: Како системот амнестираше 15 илјади здравствени осигуреници“ ја доби наградата за најдобар млад истражувачки новинар, која годинава првпат се доделува.
Серијалот текстови „Досие Телеком“ ги обработува резултатите од доказниот материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар телеком обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија.