НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД МУ ОВОЗМОЖИ НА ИВАНОВ ДА АМНЕСТИРА ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД МУ ОВОЗМОЖИ НА ИВАНОВ ДА АМНЕСТИРА ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

    Новиот претседател на Уставниот суд Никола Ивановски годинава беше судија известител по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на измените на Законот за помилување од 2009 година, кои потоа беа укинати од Уставниот суд, овозможувајќи му претседателот Ѓорге Иванов да помилува лица за изборни нерегуларности. Предлогот за одлучување по иницијативата, судијата Ивановски експресно го стави на дневен ред на седница на Уставниот суд и на 16 март, еден месец по отворањето на случајот „Титаник“ на СЈО за дела поврзани со изборите, судиите со мнозинство гласови ги укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година, со кои на претседателот на државата му се забранува да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, педофилија, трговија со дрога и дела против човештвото.

    „Според Законот, законодавецот не дал објаснување зошто токму за наведените кривични дела не може да се даде помилување. Да не се разбереме погрешно, општествената опасност од сторителите на овие кривични е неспорна. Но, само за 4 глави од 35, не е предвидено помилување. Ова, според мене, е една апсурдна ситуација бидејќи за сите кривични дела може да се дава помилување и не може да се ограничуваат осудените лица за кои кривични дела може или не може да бараат помилување“, кажа тогаш Ивановски, при изнесувањето на својот реферат на седницата на Уставниот суд.

    Укинувањето на овие членови од Законот беа увертира во одлуката на претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава, за помилување на 56 политичари и нивни соработници.

    Никола Ивановски денеска беше избран за нов претседател на Уставниот суд со седум гласа „за“ и два „против“ на местото на Елена Гошева, чиј мандат истекува на 1 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира