ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“ ПУШТЕНИ НА СЛОБОДА

    ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“ ПУШТЕНИ НА СЛОБОДАНа обвинетите им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1 Скопје два пати неделно. - Од судењето на обвинетите во „Монструм“.

    Пуштени на слобода се четворицата обвинети во предметот познат во јавноста како „Монструм“. Врховниот суд денеска донесе решение со кое што на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се укинува мерката притвор и им се одредени други мерки на претпазливост.

    На обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1 Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода“, стои во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.

    На 24 ноември, Врховниот суд ги укина пресудите на Апелациониот и Основниот суд Скопје 1 за предметот „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Со ваквата пресуда на Врховниот суд се уважени жалбите на осудените за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година.

    На 3 октомври, укинување на пресудите на Апелациониот суд и на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ и враќање на случајот на повторно судење побара и јавната обвинителка Лилјана Спасовска. Шест лица беа обвинети и осудени на доживотен затвор за убиството на четири момчиња и еден рибар кај Смилковското Езеро. Двајца од обвинетите се во Косово.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира