ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО НЛБ ТУТУНСКА БАНКА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО НЛБ ТУТУНСКА БАНКАOJO во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа со цел да утврди факти и да обезбеди докази. - Основното јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари, соопшти Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.

    Според ОЈО, постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира