ОД 15 МАЈ СО КНИЖНИТЕ 10 И 50 ДЕНАРИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА

    ОД 15 МАЈ СО КНИЖНИТЕ 10 И 50 ДЕНАРИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌАОд Народна банка информираат дека наместо книжните, во промет ќе бидат пуштени пластични пари, а кованите 10 и 50 денари и понатаму ќе важат.(Фото: Народна банка)

    Со книжните банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај нема да може да се плаќа. Од Народна банка информираат дека наместо книжните, во промет ќе бидат пуштени пластични пари, а кованите 10 и 50 денари и понатаму ќе важат.

    „Доколку граѓаните поседувате и на 15 мај книжни пари, нив ќе можат бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари. Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, замената ќе може да се врши во деловните банки а по 15 мај следната година замената ќе се врши исклучиво во Народната банка“, информираат од Народна банка.

    Пластичните пари ќе може да се користат за готовински плаќања, исто како и сите други банкноти. Со нив како што објаснуваат од Народна банка ќе можете да се вршат готовински плаќања преку автоматите за наплата, откако фирмите коишто ги инсталираат овие автомати ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира