ОД ДЕНЕСКА ВОДАТА ВО ДОЈРАН И СО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ЌЕ БИДЕ ЧИСТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ДЕНЕСКА ВОДАТА ВО ДОЈРАН И СО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ЌЕ БИДЕ ЧИСТА

    Денес стапува на сила новиот правилник за управување со водите за капење, со кој водата во Дојранското Езеро ќе биде безбедна за капење. Правилникот беше објавен во Службен весник на 12 јули.

    Со новиот правилник, како што минатата недела објаснија од Институтот за јавно здравје, води кои со досегашната категоризација припаѓаа на трета категорија и не беа безбедни за човекот, отсега ќе се смета дека се во одлична состојба и ќе биде дозволено капење во нив.

    Досегашната уредба за категоризација на водите во пет категории, од кои првата е вода за пиење, втора вода за капење, а третата веќе не е безбедна ниту за капење и пиење туку само за наводнување, веќе нема да важи. Водите за пиење и капење отсега ќе се третираат со посебни одделни правилници, а останатите категории води со нова уредба.

    Со одредбите од правилникот анализа на водите за капење дали се во добра состојба, или не треба да се прават од 15 мај до 15 септември, а според член 31 од правилникот известување дека водата е забранета за капење на плажите треба да се истакне најдоцна до први јуни во тековната година.

    Д-р Михаил Кочубовски, од Институтот за јавно здравје, минатата недела изјави дека новиот правилник е усогласен со европските директиви и дека со него се менуваат граничните вредности за количеството бактерии ентерококи и ешерихија коли, кои се од фекално потекло. Тој тогаш објасни дека разликата меѓу досега важечките вредности за количество бактерии во една вода и новите, практично значи дека води што досега биле трета категорија, сега се во одлична состојба и се безбедни за капење.

    Министерот за здравство Никола Тодоров минатата недела изјави дека водата во Дојранското Езеро е комплетно безбедна за капење и дека нема опасност по здравјето на луѓето. Тој оваа изјава ја даде откако на 29 јуни Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе забрана за капење на четири плажи во Дојран, по добиените анализи од Центарот за јавно здравје во Велес, според кои водата во езерото на овие четири плажи е загадена и физичко-хемиски и со фекални бактерии и не е безбедна за капење.

    Вчера пак д-р Флорентина Шурбевска-Ристевска, директорка на Центарот за јавно здравје Велес, кој во јуни утврди дека водата во Дојран е загадена со бактерии од фекално потекло, рече дека најновите мерења, дури и според построгиот правилник кој важеше до денеска покажале дека водата на четирите плажи во Дојранското Езеро, стасала до втора категорија. Таа рече дека водата сега е безбедна за капење, бидејќи Општината ги отстранила главните загадувачи, односно фекалии испуштени во Езерото од локали, викендички и куќи.

    “Стручните наоди покажуваат дека водата е од петта класа по заматеност и присуство на кислород, втора класа по бактериска контаминација, а од втора класе е и во однос на останатите параметри”, рече д-р Шурбевска-Ристевска.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира