ОД МАКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ОДЛЕАЛЕ КОН БЕРМУДА – 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД МАКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ОДЛЕАЛЕ КОН БЕРМУДА – 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

    Од јануари до септември во Македонија влегле 199,08 милиони евра директни инвестиции од странство. Но, во септември Народна банка бележи пад кај инвестициите од 22,6 милиони евра. Во јуни се одлеале помалку пари – 7,71 милион евра. Тоа се двата месеци во кои салдото меѓу влезот на инвестиции од странство во Македонија и одлевањето кон матичната земја од која доаѓа инвестицијата, е негативно.

    За девет месеци годинава најмногу пари од Македонија се одлеале кон Бермуди. Податоците на Народна банка покажуваат дека минусното салдо со Бермуда кај странските инвестиции е 8,48 милиони евра.
    Подетално, во првиот квартал, од овие острови во Атланскиот океан, има прилив од 520 илјади евра, во вториот квартал приливот е 5,37 милиони евра. Но, во третиот квартал има одлив од 14,36 милиони евра.

    На листата земји кон кои се одлеале пари се и Девствените острови, со износ од 20 илјади евра. Кон Романија има одлив од 3,24 милиони евра, а кон Холандија – 6,04 милиони евра. 50 илјади евра е минусното салдо со Чешка.
    Најмногу инвестиции во Македонија за деветте месеци дошле од Германија 23,20 милиони евра, потоа од Турција 23,14 милиони евра, од Италија 12,46 милиони, Луксембург 11,48 милиони и Бугарија 11,72 милини евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира