ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА, „АЛКАЛОИД“ Е НАЈПОСАКУВАНАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, СПОРЕД АНКЕТА НА ВРАБОТУВАЊЕ.МК

    ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА, „АЛКАЛОИД“ Е НАЈПОСАКУВАНАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, СПОРЕД АНКЕТА НА ВРАБОТУВАЊЕ.МККадарот ја сака Алкалоид покрај другото, и поради тоа што е општествено одговорна компанија. Генералниот директор Живко Мукаетов на една од хуманитарните акции на Алкалоид (Фото:СДК.МК)

    Kомпанијата „Алкалоид“ е најпосакуваната за вработување споредбено со наголемите приватни компании во Македонија, наброени во анкетата на вработување.мк.

    Од 1.468 испитаници по случаен избор, во неодамна спроведената анкета дури 41 отсто од нив (601) се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. На второ и трето место се компании за кои испитаниците се изјасниле дека би се вработиле во нив, во 14 и во 12 отсто од нив.

    Тие биле прашани: „Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност?“.

    „Дури 41% од испитаниците се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. Од многуте позитивни коментари издвојуваме: ‘Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе благородна работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да придонесам во иднина. Затоа што е една од најдобрите и најоговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот…“, се дел од коментарите за победникот Алкалоид, што ги објави вработување.мк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира