ОДЛОЖЕНИ СЕДНИЦИТЕ ЗА РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ ПОСЛЕ УТРЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

    ОДЛОЖЕНИ СЕДНИЦИТЕ ЗА РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ ПОСЛЕ УТРЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ДОВЕРБА НА ВЛАДАТАСо утрешното барање за гласање доверба, ВМРО-ДПМНЕ по скоро 4 месеци бојкот, се враќа во Собранието. - Никола Груевски на гласањето на Законот за употреба на јазиците на 14 март. (Фото: СДК.МК)

    Денешните седници на кои требаше да се расправа за измените на Законот за заштита на сведоци во скратена постапка и измените на Законот за судови во второ читање, се одложени за в четврток. Одложена е и седницата на која на дневен ред се измените на предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство – II читање и измените на законот на Законот за кривичната постапка – II читање.

    На собранискиот сајт стои дека седниците се презакажани за в четврток. Денес ќе се одржи само една седница на кои на дневен ред се барања за автентично толкување на закони, и неколку закони во прво читање.

    Седниците се одложени, како што ни изјавија пратениците, поради тоа што тие се дел од реформските закони кои биле договорени со ВМРО-ДПМНЕ, а за утре е закажана седницата на која треба да се расправа за барањето за гласање на доверба на владата на Зоран Заев.

    Седницата на која треба да се расправа за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на доверба на Владата на премиерот Зоран Заев е закажана за утре во 11 часот.

    Со барањето за гласање доверба, ВМРО-ДПМНЕ по скоро 4 месеци бојкот, се враќа во Собранието.

    Во барањето на ВМРО-ДПМНЕ, како причини за гласање на доверба на владата наведени се критики за партизираност на институциите, судството, за Законот за употреба на јазиците, владиниот план за влез во ЕУ, 3-6-9, како и за големите задолжувања.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира