ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЛАТАС ОТИ НЕГОВИТЕ ФИРМИ НЕМАЛЕ АДВОКАТИ

    ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЛАТАС ОТИ НЕГОВИТЕ ФИРМИ НЕМАЛЕ АДВОКАТИДраган Павловиќ Латас на обвинителната клупа на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Првото рочиште за предметот на СЈО „Тотал“, во кој што обвинет за даночно затајување е Драган Павловиќ Латас се одложи за в четврток. Судијката Софија Ефремова Гаврилова го одложи точиштето бидејќи одбраната не назначила адвокати на фирмите, чиј управител е Латас „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ.

    „Во два наврати побаравме од обвинетиот да назначи претставници на правните лица. Обвинетиот го извести судот дека поради забрана за вршење на дејност од судот не го направил тоа. Го известувам обвинетиот и неговите адвокати тоа да го сторат денеска во спротивно судот по службена должност ќе назначи”, рече судијката Ефремова Гаврилова.

    Одбраната на Павловиќ побара од судот да не се земат како докази разговорите прибавени од прислушуваните разговори. Судијката им одговори дека Советот за оценка на обвинение веќе донел одлука по тоа прашање со прифаќањето на обвинителниот акт и дека овој суд не е жалбен совет туку совет кој тррба да суди.

    Обвинетитот Драган Павловиќ Латас по рочиштето изјави дека ова е брутален старт на судењето.
    СЈО го презентираше случајот „Тотал“ на прес-конференција на 23 март. Случајот е за даночно затајување против Драган Павловиќ – Латас како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Обвинетиот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира