ОХРИД В НЕДЕЛА ЌЕ ТРЧА ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    ОХРИД В НЕДЕЛА ЌЕ ТРЧА ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ На трката на 1.000 метри на која учествуваа учениците од деветите одделенија од Охрид победија Марија Устијаноска и Кристина Котеска, од тимот на ретки болести, а својата победа им ја посветија на децата со ретки болести.

    Охриѓани во недела ќе трчаат на спортската манифестација „Охрид трчат“ за лицата со ретки болести и за лицата со посебни потреби. Со двете трки, градската која е на 10 километри, и рекреативната, на пет километри, ќе заврши оваа манифестација, која почна вчера со трката на учениците од деветите одделенија од основните училишта во Охрид.

    „За децата со ретки болести и со посебни потреби ќе трчаат професионалци, но и самите лица, како и нивните родители“, вели Гордана Лолеска од здружението на гражани со ретки болести „Живот со предизвици“.

    На вчерашната трка, која почна во 10 часот, учениците од деветите одделенија во Охрид, истрчаа 1.000 метри по Кеј Македонија од споменикот на Ден Долард до споменикот на Св.Кирил и Методиј.
    „На оваа трка победија ученичките Марија Устијаноска и Кристина Котеска, кои трчаа во тимот на ретки болести, а својата победа им ја посветија на децата со ретки болести“, рече Лолеска.

    На трката в недела освен охриѓани ќе учествуваат и лица со ретки болести и со посебни потреби и од другите градови.
    „И професионалците, но и граѓаните ја поддржаа нашата идеја да трчаат за лицата со ретки болести и со посебни потреби и на тој начин да помогнат во подигање на јавната свест за проблемите и потребите на овие лица“, додава Лолеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира