ОХРИДСКО ЕЗЕРО НЕ ГО ПРАЗНИ ЕЛЕМ, ТУКУ СЕ ПРАЗНИ ОТИ БИЛ СУШЕН ПЕРИОД, ОБЈАСНУВААТ ОД КОМПАНИЈАТА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:446:"ДосегашниотпросечендотеквосливотнаХЕЦГлобочицазапериододпрвизаклучносо31јануариизнесува11,37метрикубнивосекунда(дотеквоОхридскоЕзероидотекодлокаленслив)штоовојјануаригоправивторпосушностод1965годинадоденеска";s:13:"td_source_url";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОХРИДСКО ЕЗЕРО НЕ ГО ПРАЗНИ ЕЛЕМ, ТУКУ СЕ ПРАЗНИ ОТИ БИЛ СУШЕН ПЕРИОД, ОБЈАСНУВААТ ОД КОМПАНИЈАТА

    Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) велат дека не го празнат Охридско езеро затоа што нема струја, туку езерото е празно затоа што е сушен период.

    „Поради сушниот период во охридското сливно подрачје моментално  во Охридското Езеро на сила е режим на биолошки минимум што подразбира испуст од 3,5 кубни метри во секунда кој задолжително мора да се обезбеди за одржување на биолошкиот свет по течението на реката Црн Дрим“, велат од ЕЛЕМ.

    За пишувањата на социјалните мрежи дека Езерото се празни поради тоа што секогаш кога нема дождови во Албанија, има недостиг на електрична енергија, па Македонија до максимум го отвара испустот на Дрим за да дојде повеќе вода во Албанија, експертите велат дека тие обвинувања се лаички, поради неупатеност во проблематиката.

    „За да дојде водата до Албанија треба да се преработи низ две хидроцентрали, и после по природниот тек на Дрим оди во Албанија, тоа е географија, не е измислено од нас“, велат извори од компанијата.

    Од компанијата објаснуваат дека  го прилагодуваат испустот на водата во Охридското Езеро во Црн Дрим според референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ “Глобочица“.

    дрвениот мост2

    Од ЕЛЕМ велат дека го прилагодуваат испустот на водата во Охридското Езеро во Црн Дрим според референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ “Глобочица“.(ФОТО:СДК.МК)

    “Намаленото ниво на езерото се должи пред се, на рекордно намалениот дотек на вода во декември и во јануари, особено во декември лани, кога бил измерен просечен дотек на вода од 7 метри кубни во секунда, најмал од 1965 година, па досега“, објаснуваат од ЕЛЕМ .

    Според податоците на компанијата, досегашниот просечен дотек во сливот на ХЕЦ Глобочица за период од први заклучно со 31 јануари изнесува 11, 37 метри кубни во секунда(дотек во Охридско Езеро и дотек од локален слив) што овој јануари го прави втор по сушност од 1965 година до денеска. Најсушен jануари е регистриран во 1989 година со просечен дотек од 9.45 метри кубни во секунда. Според историјатот во кој се бележат котите на Охридското Езеро, од 1965 година па наваму, се регистрирани коти и до 693.00. Сушните периоди и сушните години (1989, 1990) се проследени со изразено ниски коти на Охридското Езеро.

     

    “ Според историјатот на податоци на ХЕС “Црн Дрим“, просечен истек за јануари во периодот од 1966 до 2016 година изнесувал 21 метри кубни во секунда. Во јануари годинава, измерен е просечен истек од 18 метри кубни во секунда и тој во континуитет се намалувал. Максимален истек во јануари е регистриран во 2003 година кога изнесувал 47,5 метри кубни во секунда, додека минимален регистриран истек е 2,3 кубни метри во секунда, во 1967 година“, велат од ЕЛЕМ.

    “ЕЛЕМ преку својата подружница ХЕС Црн Дрим и понатаму ќе ги презема сите расположливи мерки во насока на зголемување на водостојот на Охридското Езеро кој се очекува да расте во наредниот период особено со зголемувањето на надворешните температури и топењето на снегот на околните планини,како и поради очекуваните врнежи од дожд и снег што директно ќе придонесе за зголемување на дотеците во езерото“, додаваат од компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира