ОХРИДСКО ЕЗЕРО ОПАСНО СЕ ПРАЗНИ, ОД ЕЛЕМ ВИКААТ ДЕКА НЕ Е ТОЧНО И ЗНААТ ШТО ПРАВАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОХРИДСКО ЕЗЕРО ОПАСНО СЕ ПРАЗНИ, ОД ЕЛЕМ ВИКААТ ДЕКА НЕ Е ТОЧНО И ЗНААТ ШТО ПРАВАТ

    Нивото на Охридското Езеро е под минимално дозволената природна кота поради празнење за производство на електрична струја, предупредуваат еколозите, а од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) велат дека тоа не е точно.

    Фотографиите што ги испраќаат загрижени граѓани предупредуваат на ненормално ниско ниво на Езерото.

    Ohrid namaleno nivo1 „Охридското езеро не е вештачка акумулација за да може ЕЛЕМ безмислосно да го празни за производство на електрична енергија, реагираат од невладината организација СОС Охрид. Тие обвинуваат дека “Електрани на Македонија“ го празни Езерото за да има поголем ќар, без да водат сметка дека со безмилосното празнење се уништува животот во Езерото.

    Нивото на водата во Охридското Езеро на електронската табла на УХМР која ги покажува главните параметри на Охридското Езеро, вчера била 8 сантиметри под минималната кота пропишана со Закон.

    Од ХЕС “Црн Дрим“, која  стопанисува со електричните централи на реката Црн Дрим велат дека тоа не е точно.

    “Не е точно дека нивото на Езерото е под минималната кота. Според последните податоци со кои располагаме, минималната кота е 693,14, што е за 4 сантиметри повеќе од законскиот пропишан минимум. Ние како одговорна компанија, нема да дозволиме котите да се спуштат под законскиот минимум“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ХЕС “Црн Дрим“.

    Од ХЕС “Црн Дрим“ велат дека согласно мерењата кои се прават секојдневно, намаленото ниво на Езерото најмногу се должи на рекордно намалениот дотек на вода во декември и во јануари, посебно во декември, кога била измерен просечен доток на вода од 7 метри кубни, што, било најмал измерен дотек од 1965 година. Од компанијата велат дека очекуваат нивото на Охридското езеро да се подигне со топењето на снегот од околните планини.

    Постојат три коти на нивото на Езерото кои се регулирани со Закон и тоа: максимална кота на нивото на Езерото – 693,75, законска минимална кота – 693,10 просечната (природната) кота на Езерото – 693,17.

    “Главната причина за вака ниското ниво на Езерото е производство на електрична енергија од „ЕЛЕМ“ односно АД „ЕЛЕКТРАНИ на  Македонија “. Езерото се празни, а сите си ќутат. Само ЕЛЕМ си ги трие рацете од ќарот што ќе го добие од испуштање на водата под законски  дозволеното ниво“, напиша проф др. Трајче Талевски,  научен советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод на социајлната мрежа Фејсбоок

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира