Денеска почна полагањето државна матура во сите средни училишта во земјава, за што се пријавиле 15.890 ученици, кои ќе полагаат 2 екстерни и 2 интерни редмети и изработуваат проектна задача. Денеска се полага мајчин јазик, првиот задолжителен екстерен предмет. На 13 јуни ќе се полага вториот екстерен предмет, а резултатите ќе бидат објавени на 12 јули.
Министерот за образование Јетон Шакири кажа дека со оглед дека во април имаше 12 наставни денови без настава, на матурата ќе нема прашања од наставната програма од тој период.
Шакири најави дека Државниот испитен центар заедно со Министертвото за образование (МОН) ќе почне јавна дебата за да се креира нова концепција со 3 вида државна матура, гимназиско, стручно и уметничко. Овој процес е на почеток, а ќе бидат вклучени сите чинители, акко и Унијата на средношколци и универзитетите.
Државната матура се полага од 2007.