Автомобилот на Ермира Мехмети бил оштетен ноќеска, објави поранешната пратеничка на ДУИ на својот профил на Фејсбук. Мехмети, покрај фотографија од искршеното стакло на нејзиниот автомобил, објави и дека добивала анонимни закани.
„Закана, уцена или порака за да ме замолчат? Можете да продолжите да кршите стакла или други работи на мојот автомобил, можете да праќате заканувачки пораки, можете да продолжите со анонимни повици по полноќ… Но тоа не ја менува политичката реалност дека сте ништо повеќе од трагични губитници!“, напиша Мехмети на својот профил.
Завчера, во емисијата „360“ на телевизијата „Алсат-М“, Мехмети кажа дека по изборите во неделата во ДУИ не постои расположение за продолжување на соработката со ВМРО-ДПМНЕ и дека „на прстите од една рака можат да се избројат луѓето од ДУИ кои се за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“.