ОСМАНИ ГИ ПОСЕТИ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГОЛО БРДО, ОД НЕГО ПОБАРАЛЕ ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА РАБОТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЏЕПИШТЕ-ТРЕБИШТЕ

    ОСМАНИ ГИ ПОСЕТИ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГОЛО БРДО, ОД НЕГО ПОБАРАЛЕ ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА РАБОТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЏЕПИШТЕ-ТРЕБИШТЕОсмани вели дека со албанските институции имаме одличнa соработка и им се заблагодари за нивната поддршка за македонското национално малцинство во Албанија. - Османи во Голо Брдо (Фото: Фејсбук)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги посети Македонците од месноста Голо Брдо во Албанија. Османи вели дека со албанските институции имаме одличнa соработка и им се заблагодари за нивната поддршка за македонското национално малцинство во Албанија.

    Тој, исто така, вели дека Северна Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, но потребна е промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка, како и слободата на движењето на локалното население.

    „Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо“, вели Османи.

    Овој граничен премин беше отворен во 2013 година и работи само преку ден. Македонците од Албанија бараат тој да работи 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира