ОСТАНУВА ПРИТВОРОТ ЗА СЕАД КОЧАН ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД БЕГСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОСТАНУВА ПРИТВОРОТ ЗА СЕАД КОЧАН ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД БЕГСТВО

    Скопскиот апелациски суд го потврди притворот за бизнисменот Сеад Кочан поради опасност од бегство. Судот соопшти дека жалбата на адвокатот на Кочан, Никола Додевски, е делумно уважена.

    Адвокатот Додевски вели дека неговиот клиент не е во бегство туку на службен пат.

    Претходната одлука за притвор на кривичниот совет на Основниот суд Скопје, беше определна по три основи, а сега со решението на апелација, се определува само по една точка, односно, поради опасност од бегство.

    СЈО на 25 февруари отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) со што му било овозможено на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира