ОСУДЕНИ НА ЗАТВОР ОД ПЕТ И ПОЛ ГОДИНИ ДО ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО 13-ТЕМИНА ВЕЛЕШАНИ КОИ СИЛУВАА И ПРОДАВАА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

    ОСУДЕНИ НА ЗАТВОР ОД ПЕТ И ПОЛ ГОДИНИ ДО ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО 13-ТЕМИНА ВЕЛЕШАНИ КОИ СИЛУВАА И ПРОДАВАА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕИзлажаното девојче првообвинетиот го снимилза порнографски материјал и потоа го уценувал и злоставувал, го давал на располагање на другите осудени. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот кривичен суд Скопје (оддел за организиран криминал) денеска беа осудени 13 лица од Велес за Трговија со малолетно дете од чл. 418 – г, Силување од чл. 186 ст.2 и за Прикажување порнографски материјали на малолетник од чл. 193 ст.3 од КЗ. С. Д. беше осуден на 5 години и 6 месеци затвор. Д. С. и  Д. Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т. И., С. Н. на казна затвор од 4 години, А. Ф., Б. Ф., А. З., Т. Л., Р. В., на казна затвор од 1 години  6 месеци, К. Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б. К. судот му изрече Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира ако следните 5 години не стори ново кривично дело.

    Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. Сите се на возраст од 20 до 30 години.

    Воедно судот на првите 5 осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката.

    За делата беа обвинети 14-мина, а еден од нив го признал делото и Основен кривичен суд Скопје лани на 21 септември му изрече казна затвор од 2 години. Судењето на останатите на 13 лица започна лани на 19 септември.

    Главниот обвинет на „Инстаграм“ воспоставил контакт со 15-годишното девојче, убедувајќи ја дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба направил порнографски материјал, со кој ја уценувал и така ја продавал и проституирал на средби каде присуствувале и другите обвинети. Злоставувањето на девојчето се случувало во станови на различни локации во Велес, каде обвинетите претходно се пијанчеле и се дрогирале.

    „Вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал кога ги притворија тогаш осомничените лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира