ОТКАКО ГО УТВРДИ ЗА КАНДИДАТ ЗА НОВ ЧЛЕН, СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОТВОРИ ПРЕТСТАВКАТА ПРОТИВ СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ ШТО ЈА ЧУВАШЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ И УТВРДИ ДЕКА НЕМА НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВОДИТЕ ВО НЕА

    ОТКАКО ГО УТВРДИ ЗА КАНДИДАТ ЗА НОВ ЧЛЕН, СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОТВОРИ ПРЕТСТАВКАТА ПРОТИВ СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ ШТО ЈА ЧУВАШЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ И УТВРДИ ДЕКА НЕМА НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВОДИТЕ ВО НЕАНа веб-страната на Судскиот совет веќе има објавено кандидатска листа со имињата на Наќе Георгиев од Струмица и на судијката од Основниот граѓански суд Скопје Антоанета Димовска. (Фото: К. Попов)

    Судскиот совет денеска се повлече на тајна седница за да разгледа претставки против двајца судии, од кои за едниот, врховниот судија Наќе Георгиев за кој има постапка за разрешување, треба да има заклучок до утре, бидејќи веќе е утврден кандидат за нов член на Советот. Дознаваме дека при разгледувањето на претставката не била пронајдена одговорност за судијата Георгиев.

    Случајот за одговорност на Георгиев 6 месеци не се ставаше на дневен ред на седница.

    На веб-страната на Судскиот совет веќе има објавено кандидатска листа со неговото име и на судијката од Основниот граѓански суд Скопје Антоанета Димовска.

    Бидејќи постапката за разрешување на судија е тајна, има некомплетна информација за наводно нестручно и несовесно работење за Георгиев кога бил претседател на Апелациониот суд Штип. Пријавен е од бизнисмени од над 10 локални фирми и компании, заедно со уште тројца судии, за иста работа.

    За истото, овој Судски совет ги разреши тројцата апелациони судии од Штип.  А Георгиев, кој го донел заклучокот за изземање на судии во тие граѓански спорови кај што биле оштетени фирмите, Судскиот совет го остави.

    Без да откриваат детали, членови од Советот негодуваат дека двајца судии и в. д. претседател на Апелација Штип кој дошол по унапредувањето на Георгиев во врховен судија настрадаа, а се спасил шефот и иницијаторот на тие селективни изземања на судии.

    За Георгиев лани јавно на седница остро реагираше членот на Судскиот совет, судијата Ивица Николовски. Пуштен да влезе од некого од членовите на Советот, Георгиев му упаднал на Николовски во канцеларијата и вербално го нападнал: „Зошто ми водиш постапка!“. И не само тоа, туку му кажал се што дискутирал судијата Николовски на таа затворена седница околу постапката за одговорност на Георгиев.

    Откако денеска се затвори, Судскиот совет се очекува да дискутира и за претставка поднесена против претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини за наводни злоупотреби со распределба на премети.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира