Со 71 глас „за“, Собранието денеска му изгласа недоверба на Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски.
Интерпелацијата, која е необврзувачка, му ја поднесе партијата „Левица“.
Неговото разршување тргна уште во февруари-март, кога на Коцевски му почнаа постапка за разрешување премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите сопартијци. Но, постапката се сопре, како што кажа тогаш Мицкоски, поради големата трагедија во Кочани во која на 18 март 2025 година загинаа 62 млади луѓе, помлади полнолетници и деца.
Мицкоски рече дека постапката за разрешување на Коцевски се става под мраз за брзо и непречено одвивање на истрагата и наоѓање на виновниците за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Обвинението против 34 лица во врска со трагедијата во Кочани беше поднесено на 13 јуни.
Поради мисла за селективна правда, уште секоја сабота протестираат родителите на загинатите и повредените деца.
За да биде разрешен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да поднесе предлог до Советот на јавни обвинители, кој треба да даде позитивно мислење и на крај, Собранието со мнозинство од пратениците, да го разреши.
С. К. ДЕЛЕВСКА