Делегацијата на Европската Унија во Македонија од безбедносни причини ја откажа средбата со невладините организации која беше закажана за денеска во 10 часот.
Дел од невладините организации прифатија да учествуваат на консултациите со амбасадорите, а дел го откажаа своето присуство.
„Делегацијата на ЕУ и понатаму останува отворена за соработка со невладиниот сектор„, кусо соопштија од таму.
Околу 20 невладини организации вчера најавија собир пред делегацијата на ЕУ на кои требаше да соопштат дека нема да учествуваат на консултациите бидејќи на нив е повикано и Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кои се залагаат за укинување на невладините и граѓанските организации.
Веројатно поради можноста собирот да прерасне во протест делегацијата го откажа состанокот со невладините организации.