Детски велосипедски полигон беше отворен денеска во скопската населба Козле со донација на Стопанска банка АД – Скопје. Со тоа банката ја ја затвори кампањата „Вози право, вози здраво“.
Велосипедскиот полигон е безбедно катче на кое децата ќе можат да научат да возат точак, тротинет, ролерки, но и да ги научат сообраќајните правила преку поставената вертикална и хоризонтална сигнализација. Во паркот се поставени и играчки и клупи.
За изградбата на патеката, како што соопшти Стопанска банка АД Скопје биле користени еколошки материјали и посебно внимание им е посветено на садниците и уредените зелени површини. Дополнително, волонтери на Банката заедно со деца од соседните училишта и градинки на патеката и додадоа дополнителен белег – боја, цвеќиња и налепници.