ПАНЧЕВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА МОБИНГ, СУДОТ ЈА ПРИФАТИ ТУЖБАТА ОД ВРАБОТЕН ПРОТИВ НЕГО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАНЧЕВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА МОБИНГ, СУДОТ ЈА ПРИФАТИ ТУЖБАТА ОД ВРАБОТЕН ПРОТИВ НЕГО

    Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски е соочен со граѓанска тужба за мобинг поднесена од раководителот на човечки ресурси во овој суд Горан Стаменковски.

    Основниот суд Скопје 2 ја прифатил приватната тужба за мобинг поднесена од Горан Стаменковски против Владимир Панчевски. Таа, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, била поткрепена со докази за неосновано деградирање на Стаменковски од раководното место и со изјави на сведоци од Основниот суд Скопје 1.

    Војната меѓу Панчевски и Стаменковски почна на 15 ноември, кога Основниот суд Скопје 1 соопшти дека тој вербално и физички ја нападнал портпаролката, поради што била таму викната и полицијата, од страна на портпаролката Паула Костадиноска. Панчевски тогаш за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека политичката ситуација влијаела врз напаѓачот Г. С., раководител на одделот за човечки ресурси, да ѝ се втурне во канцеларија на портпаролката, да ја навреди и да ѝ се закани.

    „Знаете како е. Каменот од блиску доаѓа. Овој човек имаше и порано испади, а јас сакајќи да го смирам неговото поведение, го унапредив дури три скалила. Пред да ја нападне портпаролката, цела недела преку анонимни претставки ја повикува Трудовата инспекција. Јас се расправам со инспекцијата на министерката за труд и социјала Фросина Ременски, бидејќи пријавил дека вработени од моја страна биле прераспоредувани на други места во судот. Инспекцијата не најде ништо, а тој веќе пријави уште еден случај, бидејќи ниту судиите, ниту вработените од администрацијата не сме биле на задолжителните систематски прегледи. Откако објаснив дека немаме средства за тоа од Судскиот буџет, инспекцијата прифати и си замина“, рече тогаш Панчевски.

    Тој тогаш најави дисциплинска постапка против Г. С. за случајот. Тој го обвини Стаменковски дека е запален опозиционер, како што рече, кој ѝ се втурнал на портпаролката. По ова Стаменковски и група вработени, на Панчевски му поднеоа кривична пријава со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас, јави агенцијата.

    Во врска со огласот прво усно реагирал раководителот на секторот за човеки ресурси во Основниот суд Скопје 1 Горан Стаменковски, но на 18 ноември, сепак, била донесена одлука и за судски администратор била избарана Роза Кавазова, која претходно работела како службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Кривичниот суд.

    Вработените во кривичната пријава го товарат Панчевски дека тргнувајќи од личното пријателство со Кавазова, ја злоупотребил службената положба, ги пречекорил службените овластувања и ја избрал Кавазова за судски администратор.
    На почетокот на ноември, пак, кривична пријава против Панчевски за примање награда за противзаконито влијание поднесе судијата Иван Џолев. На кривичната пријава претседателот на Кривичниот суд одговори со контрапријава против Џолев за лажно пријавување кривично дело.

    Првата ја отфрли Обвинителството на Марко Зврлевски како неоснована, а втората е предадена во надлежност на ОЈО-Скопје. Десетина дена подоцна, 13 судии од Кривичниот суд до Судскиот совет поднесоа претставка против Панчевски, во која го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната Интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“. По сослушувањето во Судскиот совет, за овој случај е формирана претставка и таа сега е процесирана пред Советот за утврдување на факти за разрешување на судија.

    Но, и покрај овие бројни пријави, Судскиот совет со вонредното оценување му ја поправи оценката на Панчевски од тројка во највисока, четворка, а на противкандидатот Иван Џолев, судија од Кривичниот суд, му ја задржа четворката, но му ги намали бодовите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира