Папато Фрањо со папамобилот од спомен куќата на Мајка Тереза низ улица Македонија стигна на Плоштадот Македонија во Скопје.
Движејќи се низ посебната патека, папата се поздравуваше со граѓаните кои го поздравуваа.
Светата литургија на Плоштадот Македонија со која чиноначалствува папата ја следат десетина илјади граѓани, припадници на Римокатоличката црква, како и други граѓани и највисоките претставници на државата и на општествено-политичките институции.
ЕКИПА НА СДК.МК