ПАРКОТ ЖЕНА БОРЕЦ ВО СКОПЈЕ ВО ПОРТОКАЛОВО ЗА ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИ

    ПАРКОТ ЖЕНА БОРЕЦ ВО СКОПЈЕ ВО ПОРТОКАЛОВО ЗА ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИКампањата ќе опфати низа активности и ќе трае 16 дена, до 10 декември (Фото: СДК.МК)

    Паркот Жена борец во Скопје вечерва беше осветлен во портокалово откако и Македонија ја поддржа светската кампања против насилството врз жени и девојчиња. Таа е покрената по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жени и ќе се одвива под слоганот „#НемаОправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња“.

    (Фото: СДК.МК)

    Кампањата ќе трае 16 дена, до 10 декември – Денот на човекови права и ќе опфати низа активности. Во одбележувањето се приклучија и Владата, институциите и невладиниот сектор, со цел да се крене свеста на јавноста дека насилството врз жените во која било форма не е прифатливо и не треба да се премолчува.

    (Фото: СДК.МК)

    „Во светски рамки, една од три жени е жртва на насилство. Тоа постои во најразлични форми, и психички и физички, што се случуваат секој ден. Цел на кампањата е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жени и девојчиња“, се вели во најавата на кампањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира