ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА ЈА ЗАТВОРИ ДИСКОТЕКАТА „ПРИВИЛИЏ“ КОЈА ИМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА

    ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА ЈА ЗАТВОРИ ДИСКОТЕКАТА „ПРИВИЛИЏ“ КОЈА ИМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТАДиректорката на ДПИ Анета Симевска вели дека на дискотеката во февруари ѝ било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. (архивска фотографија)

    Дискотеката „Привилиџ“, сега регистрирана како „Централ парк“, е присилно затворена од Државниот пазарен инспекторат бидејќи имала забрана за работење.

    Директорката на ДПИ Анета Симевска за државната агенција МИА изјави дека на дискотеката во февруари ѝ било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. Сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, па денеска ДПИ присилно ја затворило дискотеката.

    Пред дискотеката во скопскиот Градски парк минатата недела беше претепан до смрт хрватскиот ракометар Денис Тот, но Симевска вели дека денешното затворање нема врска со инцидентот.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира